друг (прид.) - стои (гл.)

Едни се задоволуваат со разгледувањето на списанијата од порно литеатурата, други стојат пред витрините на баровите каде што се прикажуваат само полуголи жени, трети грицкаат пржени компирчиња и некаде тапо и бесцелно гледаат, некои се определиле само за еден франк во автоматот, една минута да „уживаат“ во убавините на некаква булеварска филмска серија, други итаат некаде, трчаат да се симнат што побрзо до метрото, а пак во кафеаните, кои се редовно полни со сомнителни жени, неретко се слушаат викотници, кавги, кршење на чаши, па доаѓа и до тепања, кои редовно завршуваат со пискотот на полициската кола, зашто со некаква незабележителна магична моќ, при секаков прекршок, набргу таа ќе се најде за интервенција на местото на прекршокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се снаоѓаа сепак така што малите се бутаа под пазувите на дебелите, другите стоеја на една нога, некои - претежно пијаниците - успеваа да влезат и кај полиците меѓу чашите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Едни се качиле на покривите од бараките, другите стојат пред вратите и чачорат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мурад, сам и сиот соѕидан со перници, седеше сред одајата, а сите другите стоеја простум.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)