друг (прид.) - бара (гл.)

Таму каде што другите бараат дополнение за душата, тој бара дополнение за машината.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Во 1826 година, кога султанот Махмуд II ги ликвидирал јаничарите, Алија се одметнал и вршел зулуми над народот, а покрај другото барал под шаторот да му доаѓаат убави девојки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таму каде што другите бараат дополнение на смислата, тој бара дополнение на преправањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Еден политичар вреска дека неговиот народ не е исплашен туку лут, друг бара да загинат по милион луѓе од обете страни за работата „еднаш засекогаш” да се реши, трет вели дека е подобро народот да му се наоѓа во состојба на вооружен екстремизам отколку во летаргија, како тие две состојби да се единствените можни состојби на човековото постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Никој во моментот не се сомневаше, бидејќи и едните и другите бараа уточиште од него, а тој ја имаше уште силата и авторитетот во народот за да го направи реченото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една цигара држам в раце, а друга барам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)