дрзок (прид.) - однесување (имн.)

Ако Берсон е во право кога вели дека секое филозофирање е “мислење наспроти струјата”, етичкото чувство на маниристите не би смеело да падне во искушение од “расточување”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Потоа фактот дека Рајна е жена на пријател; добро, ако не на пријател тогаш барем на близок човек на семејството; и трето, она најважното: Ролан беше припадник на една група луѓе што беше прилично меѓусебно поврзана а средбите помеѓу овие луѓе беа многу чести.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ми кажуваат, меѓу селаните се забележува сѐ поголем бес и дрско однесување со ќаите и агите. Вистина ли е тој милет толку пис?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пред сѐ отвореното, наметливо и дрско однесување на натрапничкава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Надменоста и разиграноста, помодното шарлатанство и дрското однесување би морале да се надминат со постојаното и внимателно конфронтирање со класиката, не, значи, со класицистичкото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)