државен (прид.) - установа (имн.)

Причина за покренување на спорот од нејзина страна е нејзиното деградирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 Имено, пред да настане спорот – после вонредните парламентарни избори во 2008-та, Зефиќ две години (значи од 2006) беше директор на оваа државна установа за извршување санкции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Митревски во установата работеше со договор на неопределено време од 1988 до 2006 година, односно 18 години пред да настане работниот спор – на работно место угостител -келнер во склоп на Клуб- кафеаната при НУЦК – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е државна установа од областа на културата2 и брои околу 35 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гоце сметал дека четите на Организацијата требале да почнат напади против аскерот и со „атентати од страна на решителни момчиња по железнички линии, исто и против државни установи...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но натрапникот овојпат ми се причини (или јас така оценив) како трпелив, сериозен службеник на угледна државна установа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ми се виде ниту наперчен ниту снисходлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не се дотеруваше како другите негови домски другари - да спие со врзана коса, да црта ќумурни мустаќи, да пушта долги нокти на малиот прст - зашто однапред знаеше дека со ништо нема да го подобри својот физички изглед, за евентуално да го сврти вниманието на некоја од оние девојки што живееја како нив во државната установа на милосрдието и дарежливоста, само преку ѕид.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
7. Минувајќи еднаш (којзнае зошто, веројатно за ништо) по старите улички, Грдан се сети како чекорот му подзапира крај една ограда што му се стори позната: висока телена мрежа, уште повисока жива ограда, наместа не само оштрбена туку и поткопана, како под неа да се провирале зајаци, зад неа голем двор, изгазен и гол, со ретки стари дрвја и сосема во дното долго трошно здание, со препознатливата нечисто жолта фасада на државна установа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)