државен (прид.) - универзитет (имн.)

По три години, кога предметот пак ми се најде во весници, во двата законодавни дома на Мичиген имаше предлог-закон за уставни измени со кои на законодавецот ќе му се даде право на вето за предметите што се нудат на државните универзитети во Мичиген.32
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Подоцна (2008-2011) завршува Правен факултет на државниот универзитет Гоце Делчев - Штип, на смерот Применета политика и дипломатија (Модул Европско право).
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Све на све, една година на било кој од најдобрите канадски државни универзитети кошта помалце од една година у скопските гимназии Нова и Јаја–Паша–Кемал.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во вторник, на 23 мај, 2000 година, осуммина републикански пратеници во законодавниот дом на Мичиген предложија измени и дополнувања на законот за годишниот буџет за високото образование, со кои се бараше од државата да издвои 10 насто од годишните наменски средства за Универзитетот на Мичиген и да им ги распредели на четиринаесетте други државни универзитети во Мичиген, доколку односниот универзитет има предмет „промовирање или олеснување учество во стил на сексуално живеење или сексуални практики инакви од хетеросексуалната моногамија“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
7.  Види ги, на пример, трудовите на Тодор Каламатиев: „Способност за склучување на договор за вработување“; Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – том 42 (во чест на Тодорка Оровчанец); Скопје, 2006; стр. 460-473 или, пак, оној на Гзиме Старова: „Договор за вработување или договор за работа – Дилеми во Законот за работни односи на РМ“; Зборник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет при Московскиот државен универзитет „Ломоносов“ (том 2); Скопје, 2007; стр. 344-353.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)