државен (прид.) - апарат (имн.)

Не можат да изберат текст, то ест автор ниту режисер, едноставно не можат да влијаат на репертоарската политика која, според нив, е диктирана од државниот апарат односно од Министерството за култура.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Поради тоа што носителите на политичкото ропство и оние на економското угнетување биле исти, во сознанието на македонските маси социјалната неправда, економската експлоатација и корупцијата на државниот апарат се врзувале со политичкото и националното ропство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но со татко кој што се мафта со опозицијата, Александар немаше никакви шанси да седне во некое од бироата на државниот апарат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
КИБЕРПАНКЕРОТ/ПИЛОТ ГИ ЗАМЕНУВА УПРАВУВАЧИТЕ/ КОНТРОЛОРИ Заедницата секогаш е во конспирација против личностите на секој од своите членови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие биле подложени на поголемо даночно оптоварување, им било забрането учество во државниот апарат и во војската, носењето на оружје, капењето во јавните бањи (амами) во деновите кога тоа го правеле муслиманите, живеењето во исти маала со муслиманите, судството и др.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Минатото време на тој латински збор ги создава: „статус, државен апарат, институција, крутост, статично, статистика, проституција, реституција, конституција”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)