дрвен (прид.) - полица (имн.)

Горе на ѕидовите и на само половина метро подолу од таванот и точно над подѕидоците прикрепени се дрвени полици, кои се натоварени со дуњи, јаболки и петтопрсни тиквиња, а долу под полиците врзани во снопчиња и обесени на ѕидовите, висат мисирски кочани, исушени полски цвеќиња, треви и чаеви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние продолжуваме нагоре, по скали, до малото претсобје, со месингани закачалки заковани на ѕидот и под нив, дрвени полици за чевли.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Старо, прашливо пивско шише, божем случајно оставено на дрвена полица.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)