дрвен (прид.) - мост (имн.)

Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поради козите, нашето маало крај реката, од Дрвениот мост па сѐ до паркот, луѓето го завикаа Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На страната пред портата, се наоѓа еден дрвен мост префрлен преку ровот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да се дојде до падините на ридот врз кој се извишуваше тврдината, првин требаше да се мине Дрвениот мост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стража има и на почетоците од дрвениот мост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Луѓето што ги среќаваше обично во ова време, весникарот од аголот, на самиот почеток од дрвениот мост, млекарот, ги немаше на нивните места, ги немаше и другите ранобудници.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
– Пол? – продолжи службеникот. – Се разбира, женски! – го прекори пак шефот. – Па може да има прч! – рече првпат нешто во одбрана на службеникот. – Кај прчовите одиме со козите кај козарот Чанга, преку дрвениот мост, – рече едниот од помалите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Слегоа на џаде, заминаа по едно дрвено мовче и се најдоа од другата страна пред куќата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тогаш во најстрога доверба првпат видов голи женски на црно-бели фотографии, баш тогаш, кога некои од другарчињата ми се фалотеа дека под процепите на дрвеното мовче во родниот град ѝ ги виделе гаќичките на строгата наставничка по математика.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се упати кон Судот. Го мина Дрвениот мост, запре пред Театарот, граден во псевдокласичен стил, со форми на задоцнет барок, што живо им се спротивставуваа на архитектурите на исламските и на православните храмови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
XXXV На заминување, Татко го испрати Сокол Мечевски до Дрвениот мост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка беше пред порти. Го забележа уште од чардакот, кога чекореше крај Дрвениот мост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
А во тихите вечери, кога над реката се вртеа јата комарци, а рибите скокаа по нив, дедо Гога стоеше на дрвениот мост очекувајќи да ја види и необичната риба што скока повисоко од сите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Другата литографија ми се допадна и ме привлече; дете и момиче се држат за рака и минуваат преку дрвено мовче искривено над бел и брз поток.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги видов недалеку од дрвеното мовче на Вардар, чекореа кон мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Покрај Треска во Хром има едно дрвено мовче и најубаво зајдисонце пасторална позадина на хаварисани коли, ѓубре и шприцеви.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Преку дворот на црквата, продолжуваме по патеката, некогаш улицата што по разурнатото дрвено мовче водеше до предворјето на паркот, па низ падината се стрчуваме во шумичката, меѓу пријатниот самрак од ниските гранки, мовлестите пенушки на соборените тополи и шумолењето на блиската река, место создадено за средношколците љубовници.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Никогаш не ни ја откри причината за својата неочекувана одлука да ја смириме судбината и да се засолниме во една стара куќа градена во османски стил, крај реката Вардар, близу еден дрвен мост, недалеку од историскиот Камен мост, кој ги поврзува модерниот, западниот и источниот дел на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко од чардакот го гледаше својот пријател како заминува по кејот во правец кон Дрвениот мост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, откако ја допи првата шолја чај, стана од сво­јата фотелја, се упати кон прозорецот, го подотвори и го упати погледот кон реката па потем кон дрвениот мост кој го поврзуваше стариот со новиот дел на градот, на десната страна беше модерниот, а на левата постариот дел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нашата куќа беше близу еден дрвен мост кој, при движењето на луѓето, се нишаше и понекогаш се чинеше оти ќе го однесат брзите води.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Замина Гури Порадеци, покрај реката. Го гледавме јасно додека стаса до осамениот Дрвен мост.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Штом свртеа зад грмушките се најдоа пред дрвен мост и права улица натаму до некаде каде што веќе не се гледаше поради заодот на сонцето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А поминала и преку мостот, на другиот брег.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа наеднаш, како ништо да не случило, ќе се пожали дека ги поминала сите дуќани во центарот од стариот до дрвениот мост.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го нема ниту Дрвениот мост што го поврзуваше десниот и левиот дел на градот. Останале само делови од кејот крај реката.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тука е и Дрвеното мовче, кое во 1962 година го однесе засекогаш една голема поплава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Станувајте! Поаѓаме! Долг, тесен, дрвен мост и по него врви живата редица. Под неа тече Бистрица.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Краток одмор и по тесниот дрвен мост ја преминаа надојдената и матна Бистрица, Застанаа на лединка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Му се случи еден ден и ова: наеднаш, во мислите здогледа изграден еден голем сарај, токму на грлото од езерото, а распнат беше сарајот врз еден дрвен мост кој спојуваше брег со брег од реката што истечуваше од езерото.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Калево е наоколу обиколено со длабок канал изѕидан од делкан камен, а дрвениот мост, кога ќе затреба, се крева на чекрек и така станува заштита пред портата. Умно смислено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто сарајот го изградија токму на местото каде што тој го замисли, дигнат на големи колја забодени в земја и токму среде дрвен мост кој имаше дванаесет отвори и кој беше долг околу педесет луѓе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А во тихите вечери, кога над реката се вртеа јата комарци, а рибите скокаа по нив, дедо Гога стоеше на дрвениот мост очекувајќи да ја види и необичната риба што скока повисоко од сите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)