дрвен (прид.) - мовче (имн.)

Калето под западната страна е засечен со голем нож земјата е жолта и врз неа ништо не расте ама под тој засек во пеесетипрвата бегалците кои нагрвалија од Војводина најдоа една голема куќа што ги заплашуваше со својата грмадност ама имаше ѕидови од тули една или две бетонски плочи што не одеа од крај накрај и тие што успеаја да се напикаат во неа беа спастрени од ветровите што дуваа од кај француските гробишта оти удираа во калето поминуваа врз куќата долу во засекот поминуваа преку реката и им ги мрсеа косите на луѓето во уличките околу плоштадот оти тие во своите влакнести гради донесоа други ветрови и јас кога прв пат дојдов да го барам братучедот кој садеше дрвца по падините на водно со страв влегов во отскриените делови на куќата низ отворот од источната страна се обидов да влезам и ги видов диреците бетонските диреци се губеа во темницата и којзнае дали таму потпираа нешто и освен што слушнав многу гласови не успеав никого да видам само претчувстував како срцето сака да ми избега па избегав јас назад по патчето што го следеше насипот од песок од врби од магарешки трн крпи гуми стари опинци и вјасајќи така во песокот завидов тројца за кои не знам дали беа запретани во неа или таа поминуваше преку нив преку старецот со долга коса и брада виткана во тркалца реку буштравата туфка за која во истиот миг сфатив дека е дете кое му лежеше преку нозете и преку младичот за кој не знам дали му седеше на раката на старецот дали само главата му беше ставена врз неа како врз перница или пак навистина само горниот дел му се подаваше од песокот и незаинтересирано фрлаше камчиња во водата и којзнае зошто јас потрчав по насипот не обѕрнувајќи се и кај театарот ја скокнав реката по дрвеното мовче нурнав во уличињата околу офицерскиот и после не знам што стана се задржав негде низ град или се вратив во предградието на насипот okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пристигнуваме пред непостоечкото дрвено мовче што водеше од разурнатиот театар кон разурнатиот и непостоечки веќе Пасаж.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)