дрвен (прид.) - крст (имн.)

Околу наоколу заградени со трње, со ендек и без вратниче и зашто не се ѕидани како денешниве туку се обични копи од земја, сега покриени со снег и над кои се извишуваат безимени дрвени крстови, едни изгнилени други и трети искривени или ничкосани во снегот, изгледаат пусто и очајнички.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Расцутен двор, камбани што корнат еден дрвен крст И го фрлаат меѓу ѕвездите, Празничен чаршаф, свеќа што догорува И твојот празен стол покрај трпезата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Стипцосаната земја, над која пловат зачаденост и црни испарувања на тага, ја ора усвитено железо и ја јалови оган, по нејзините врвици и библиски беспатици јаваат на коњски костури апокалиптични рицари - чумата, поморот, алчноста, бесот:коњските узди се густ сплет на змии, здивот на јавачите е сув ветар од кој и коренот на кровот се суши; зад нив останува трага: дрвени крстови, плочи со камени чалми, несобрани трупишта, урнатини.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Напред одеше селанец во празнична носија на Блатието и тој носеше дрвен крст со испишаното име - Сандри, син на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од нивните напукнати души се цедела на секој чекор супстанцата на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А јас ќе појдам уште еднаш да ги пребројам мртвите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Судбина: да се припокрие со земја убиениот, да се прослови над дрвен крст молитва и да се бега од местото пред ноќни призраци и пред дневна, утрешна потера што можела да дојде за нови свои и нивни умирања. Судбина и гробови - нивни, туѓи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пат, гробови, на врвовите на дрвените крстови покојнички шубари - линија на сенишен појас со страшила за сеништа. До кога?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Според неа арно прави Пелагија што се здушила со Господ, ама не чини што не може во *ана да го напика Господ или исушениот Исус Христос онака закован на големиот дрвен крст, а и во малечкиов суртук со голата лејка што не се прибира со мракови!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ретките дрвени крстови без име и презиме набрзина вкопани врз тие кои загинаа во нерамните битки на тригодишната крвава војна - изгнија, со земјата се израмнија поединечните и масовните гробови таму каде денес побрзо можеш да се сопнеш од расфрлените парчиња од бомби, гранати и куршуми, од испокршените надгробни плочи и крстови, од остатоците од темелите на нашите куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Господ ме спаси од дрвен крст, па не сакам ни железен, им велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гробиштата се заградени со тел и имаат дрвени крстови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)