дрвен (прид.) - клупа (имн.)

Цел ден, дури траеше првата есен, новопечениот трговец седеше надвор опчекорен на дрвена клупичка и играше дама.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во деновите кога не се одеше на кино, честопати во свежите летни вечери стуткана до мојата мајка, на малата дрвена клупа во градината покрај куќата, ги слушав нејзините муабети со вујните за сѐ и сешто.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во куќата имаше голема трпезарија со долга маса, од двете страни на масата дрвени клупи на кои навечер ние децата испоседнувавме, уморни од целодневните детски игри и нестрпливо чекавме нашите мајки да ни ја принесат вечерата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во центарот на визбата имаше една огромна маса со дрвени клупи што беа странично поставени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поубаво се поднамести на неудобната дрвена клупа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе неколку години го мачеа хемороиди и тешко му беше да седи подолго од половина час на едно место.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сред собата имаше самоделски шпорет, в лево маса со по една дрвена клупа од двете страни, а зад вратата кревет прекриен со ложник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го сретнав во една од неговите омилени дестинации – на дрвена клупа во градскиот пари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пред Даскалов ги премолчав деталите: она, дека уште го паметам купето со дрвени клупи и љубопитните лица на патниците кои ќе наѕирнеа низ прозорецот и ќе отскитаа низ ходникот на вагонот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со мајка ми бевме сами кога наеднаш на вратата се појави Огнена Гулева.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На крајот од паркингот, на самиот раб на карпестото удолниште што води во бездна - дрвени клупи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)