дополнителен (прид.) - притисок (имн.)

Од тие причини, според Британците, на таа идеја "не ѝ беше дозволено да влезе во областа на практичната политика", но сметале дека во новонастанатите услови може лесно да прерасне во политичка реалност и да ги загрози британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овде целосно оправдано се поставува прашањето дали поканата за едукација е доволно ефективна казна за работодавачот, наместо директната прекршочна казна, бидејќи во пракса ова ќе значи одолговлекување на постапката за докажување на одговорност кај работодавачот и отворање на законска можност за вршење на дополнителен притисок врз работниците.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа, пак, од своја страна, значи дополнителен притисок за работниците, без разлика на условите на неговото работно место, да не се одлучат на давање отказ.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Британскиот страв произлегувал пред сè од опасноста што обединувањето на Југославија и Бугарија би претставувало дополнителен притисок врз Грција за нејзино отстапување пред општите словенски интереси или за задоволување на "природните интереси на автономна Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ваквата формулација отвора простор за дополнителни притисоци кои работничката, отсутна поради бременост или родителство, би можела да ги трпи од страна на работодавачот, пред се, ако тие решат да се спротистават на хегемонијата на волјата на „газдата“ и се одлучат да го искористат ова свое загарантирано право тогаш кога тие сметаат за потребно; ● четврто, се воведе право на неплатено родителско отсуство на работничката заради грижа за детето, до три месеци, по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство до периодот да наршување на тригодишна возраст на детето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)