доминантен (прид.) - тема (имн.)

Другата доминантна тема–идеја во романот, која произлегува од претходната, е, всушност, самиот феномен на козите што се наложува и од еден антрополошки аспект при што авторот, натаму, низ својата сугестивна моќ, а никогаш експлицитно, и соочува со релацијата на човечките законитости кон светот на реалниот живот, што значи дека без кози, ќе нема млеко, ќе има недостиг на храна, ќе настапи глад итн.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Постмодерната теорија за историјата како фикција која не подлежи на вистина туку на спекулација, една е од доминантните теми кои Бунар ги преиспитува, а сомнежот, како неизбежен мотив на современата книжевност, е доведена до перфекција со посредство на неверодостојнливите наратори во чии искази не може докрај да се верува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Преку овие прашања, индивидуите кои се загрижени заради “губење на нивниот однос” (преходна доминантна тема), можат да утврдат дека промените во алтернативното ниво на акција сугерира дека тие се на пат кон “повторно воспоставување на нивниот однос” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога тоа не се случува, терапевтот може да помогне со поставување прашања кои ќе ја поттикнат индивидуата да генерира описи, споредувајќи ги со претходната доминантна тема.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Алтернативната тема или контратема често се именува сосем спонтано во процесот на оваа работа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
IX Пред да ги утврдат доминантните теми од огромната и сложена материја на јазиците, врз кои најмногу го сконцентрираа вниманието двајцата лингвисти автодидакти, на Климент Камилски неочекувано му се влоши видот и постоеше опасност постепено да го изгуби.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)