домашен (прид.) - ќе (чест.)

Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ја викнав стрина ми да се поздравиме, и таа ми рече: Синко, на домашните ќе им кажам откако ќе заминеш, но јас ѝ реков дека не смеат домашните да дознаат, зашто ако не се вратам сите ќе ѝ се налутат затоа што не ме спречила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)