домашен (прид.) - предавник (имн.)

Заверата е глобална и делува дифузно на сите фронтови, од Обединетите нации и НАТО Пактот, преку УНИЦЕФ и УНПРОФОР, до Ватикан и Масоните.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И покрај заслугите што ги имаше во борбата против фашизмот и домашните предавници, Трим Тоска, по војната, задолжен од Партијата за „братството и единството на народите” во крајезерската земја, не беше без амбиции еден ден да помине и во Републиката, според поволниот клуч на малцински структури, на некоја висока функција, токму во времето кога и децата ќе стасаа за студии.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Со еден збор ќе одморам во потта и крвта што ги пролеав во борбата против англоамериканскиот империјализам и домашните предавници, во борбата, велам, за народната слобода и светската пролетерска револуција. Токму како што рече другарот Захаријадис.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На топ листата на домашните предавници, на водечката позиција, сѐ уште е, неизбежниот Тито.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)