домашен (прид.) - наметка (имн.)

(Соба во куќата на Сивиќ. Тропање на вратата. Од соседиата соба излегува Сивиќ во домашна наметка. Ја отвора вратата.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Татко ми, пак, претворен во силуета покрај светнатата скала со светските радио станици, во соседната, незагреана одаја, наметнат со избледената чоена домашната наметка и свиткан со шал, сѐ повеќе ги продолжуваше своите ритуали на слушање радио, потпрен со увото врз апаратот, сепак внимавајќи - кога ќе влезеше Рашела - да го достивне звукот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Ќерка ми е мојата гордост”. „Вашата гордост има чифутско потекло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Погледот на Самуел Ароести, мојот дедо по мајка, покрај кого натерани во трк одат неговата жена, мојата баба, нивните две ќерки, никогаш незапознаените тетки и други, непознати луѓе претворени во вечно живи филмски сенки.  Поручникот со презир погледнува во Хана Голдблум, која меѓу униформите стои исправена, и на ќерка ѝ, ѝ се чини, ненадејно и силно извишена, облечена во својата долга домашна наметка, вита и издолжена како во најубавите години од нејзиниот живот.  „...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)