должен (прид.) - писмено (прил.)

За едно друштво да може да учествува во распределба на квотата на работници треба до Министерството за труд и социјална политика да достави барање од трговското друштво, документ за регистрирана дејност во Централниот регистар на РМ или документ за тековна состојба на правното лице, потоа документ за вкупниот број на вработени во трговското друштво од кои најмалку десет работници да биле во работен однос на неопределено време најмалку 6 месеци пред пријавување на трговското друштво на јавниот повик, образец М1 и М2 за вкупниот број на вработени работници во трговското друштво, со преглед на пријави и одјави во задолжително социјално осигурување за друштвото издадено од Агенцијата за вработување на РМ, потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, потврда од надлежен суд дека не е отворена стечајна постапка и потврда од Централниот регистар на РМ дека не е поведена постапка за ликвидација. (чл. 5) Трговското друштво кое добило право на упатување е должно пред упатување на работниците во другата држава за работа по конкретен проект да достави до министерството надлежно за работите од областа на трудот: барање за добивање на согласност за упатување на работници кон кои приложува договор за работа со фирма од друга држава за конкретен објект со превод на македонски јазик и неговото кирилско писмо, меѓусебен договор кој мора да биде потпишан од работодавачот и работникот со кој се регулираат правата обврските и одговорностите на работодавачот и работниците кои се упатуваат на привремена работа во друга држава кои по правило треба да се исти како и на работниците во тоа друштво во земјата и список на работници кои ги упатува на работа со назначување на датумот од кога се во работен однос. (чл. 15) Со законот е превидено дека корисникот на правото на упатување е должен да ги почитува одредбите од договорот или спогодбата за 78 упатување како и општите прописи за работните односи во врска со испраќањето на работниците во друга држава. (чл. 18) Корисникот кој има право на упатување на работниците е должен писмено да го извести Министерството за труд и социјална политика за датата за започнување на користењето на ова право.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Отказот на дого- ворот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По обавеното информирање и консултирање, работодавачот е должен писмено да ја извести службата надлежна за посредување при вработување, поради помош и услуги од посредување при вработување, каде ќе бидат инкорпорирани и ставовите од претставниците на работниците, како и вкупниот број на работници и причините поради кои ќе бидат отпуштени.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето 224 на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заш- тита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон (чл. 74, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го за- познае со неговите права од осигурување во случај на невработеност, согласно со закон (чл. 74, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)