долгометражен (прид.) - филм (имн.)

Раздалеченоста како маниристичко средство и знак за сублимација често дејствието на долгометражните филмови на Гринавеј го одвојуваше од поширокото прифаќање на гледачот, од вообичаената наизменична смена на психолошки убедливите кадрови кои осигуруваат непосредност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На овој, како и на бројни други примери, од процесуалното нижење на 92 изложени биографии во првиот долгометражен филм „The falls“, до документарните наоди за животните или за колективниот африкански обред во филмот „ZOO“, стварноста станува интензивен феномен внатре во вештачката претстава.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
(...) Најдобриот пример за концентрација на различните пристапи е вашиот прв долгометражен филм, трочасовниот “The falls”, снимен на 16 мм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Гринавеј е писател- сценарист на сите свои дела. Долгометражните филмови: „Договорот на Цртачот“ (1982), „ЗОО“ (1985), „Стомакот на еден архитект“ (1987), „Давењето по броеви“ (1988), „Готвачот, крадецот и неговата љубовница“ (1990), „Книгите на Просперо“ 1992), „Бебето на Макон“ (1994), направени се со една доследна прецизност, со зачудувачка организација, бизарности и хумор.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)