долг (прид.) - ноќен (прид.)

Над ридот полнатa месечина загледува во рововите, бункерите и земјанките во кои расцутува младоста на овие седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет и дваесетгодишни момчиња и моми... кои растат и созреваат во долгите ноќни маршеви под дожд и снег, во мракот на густите магли, во студените и влажни земјанки, меѓу карпите и камењето, во рововите и бункерите, во непрестајните борби во кои од студенилото и вжештената цевка на оружјето, ја изгубија нежноста и топлината на дланките... Ех, анасана!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
По двете изгубени големи и добиени многу мали битки а пред се после честите теоретски изживувања и докажувања на Захаријадис, Маркос и неговите најблиски соработници, во долгите ноќни разговори, водени по маршевите и битките, се прашуваа: дали оваа војна не ни е наметната?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Завиткани во крвави, валкани завои, одмораат од истоштувачките деноноќни борби и од долгото ноќно патување растресени на коњските грбови и носилките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Честопати, кога Матеј се враќаше дома по долгите ноќни дружења со книгите, ќе му речев: "Барни на мајка, ти фали уште Лора Касте­лано".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Едно утро, по долгата ноќна болка во слабините, таа слезе долу за да ѝ помогне на Кети да го подготват појадокот, и тогаш постарата жена, по долго гледање, ѝ рече: „Рози, врати се горе и легни си.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу од нив, слободно претставени со еден стар, боемски и изумрен јазик, сѐ капетани на долгите ноќни пловидби - морето спие, коработ се тетерави.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А оттаму, од боиштата само потајно се надеваат дека ќе стигне добра вест, но таа е обвиткана во трепет, во страв, во бледа надеж, во долги ноќни молитви...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тивко, полека, кроце чекориме, чиниш секој е внесен во чекорите од долгите ноќни маршеви под дожд и снежни виулици и намети.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За да биде маката поголема, кога пристигнаа во Џивнув, наместо пижами, што ги снема, добија долги ноќни кошули.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така велиме за тој (тие) со кој (кои) заедно бевме во строј, во долгите ноќни маршеви под дожд или снег, во рововите и бункерите, во влажните и студени земјанки, на боиштата и заедно долги години ја голтавме горчината на поразот, искоренувањето и туѓината.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Паметам дека во зорите стигнуваа партизани и истоштени од долгиот ноќен марш, остануваа на почивка и по зајдисонце си одеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така бевме воспитувани таму во ровот, во бункерот, на кратката почивка по долгиот ноќен марш, во влажната земјанка, во ровот и во бункерот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)