долг (прид.) - зимски (прид.)

Тој е и во твоето срце, затоа што е тој срце во нашите срца!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Навечер, во долгите зимски ноќи, крај топлиот оган, дедо ти ти прикажува за „млад Гоце Делчев војвода“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
За несреќа, кафеавата долга зимска јакна, ми беше многу препознатлива.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа беше книгата што ми стана неразделен другар во долгите зимски вечери.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тоа ќе бидат убави денови, исполнети со работа, скитање по околните ридишта и кории и смирување во долгите зимски вечери, покрај огништето полно со жар, покрај саканиот старец кој ќе има можност да се изназборува за сите долги, премолчани месеци во планинската осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Малку им беше тоа за да ја поминат сити долгата зимска ноќ, но снегот што се пластеше, без знак дека брзо ќе престане, го гонеше на претпазливост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секогаш кога ќе поминам покрај зградата спроти училиштето, која повеќе ни одалеку го нема истиот изглед, чинам како да го слушам отчукувањето на часовникот над зеленото креденче во собата, во која со часови игравме домино со Борис Кривошеев, во долгите зимски ноќи, додека баба ми ми плетеше ракавички во различни бои. Брзав да пораснам!!!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, јас се сеќавам на многу моменти кои, се уште, како секвенци од некој дамнешно прожектиран филм се движат низ мојата глава.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во долгите зимски ноќи - калливи или виуличави, закитени со мразулци или уште неоладени од испливиот здив на студот - ловечката страст е поврела и понеобична кај селаните.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му се зарадуваа на сонцето, му се зарадуваа на синото небо, на облаците, на ветерот, се зарадуваа и почнаа да раснат. Ѝ се радуваа на пролетта, на летото, на есента, а кога ќе дојдеше зимата задоволно го сонуваа долгиот зимски сон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во ноќите, во долгите зимски ноќи, се туку завиваат волци околу селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и страшно беше надвор, во тие долги зимски ноќи. Ти е страв да погледнеш, а не да излегуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)