долг (прид.) - временски (прид.)

Лавиринтот му се наложуваше на Татко и како слика на трајно променливите балкански граници кои ги оградуваа и изолираа во долги временски периоди животите на луѓето, на нивните семејства.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Речникот на идеите на излитените османизми, кој требаше да го придружува нивниот заеднички одбранбен текст требаше да ги повика читателите на разбирање и толерантност, на човековата природа, на нејзината бавна променливост во долгите временски интервали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Феникс се раѓа само еднаш, во случајот на Арафат тоа ќе биде повеќепати...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXIX Историските личности се создаваат во долг временски процес, во пресрет и вкрстување на бројни околности и противречности, така што нивната блескотна појава во клучни моменти во историјата останува целосна енигма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А маж од неговиот калибар сигурно сексуално не апстинирал толку долг временски период, колку што беа разделени.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)