долг (прид.) - трепка (имн.)

Не сум сигурен колку татко ми ги сакаше булките (тие во Македонија се поситни отколку во градината на Изи).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Скриена зад неговиот грб и самата не можеше да ги сопре солзите, кои се заезеруваа на крајот од долгите трепки, готови да капнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А можеше да се сместиш, велат, во луксузниот wagon-lit и да отпатуваш, радосно отпоздравуван од перонот и мижуркајќи со своите долги трепки, во некоја позната пре-рафаелитска слика.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Црни очи, продорни со долги трепки. Природно заводливи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Понекогаш тие очи, на кои како насадени стоеја прст долги трепки, знаеја да затрепкаат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе биди жакето до сабота?“ и ја рашири својата прекрасна бујна насмевка со длабоко, сочно зрачење низ големите округли топли очи со долги трепки и широки веѓи, гушкајќи ја сестра си. ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нејзините долги трепки трепкаа, а крупните сини очи ѝ беа покриени со замаглена и занесна светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)