долг (прид.) - плетенка (имн.)

Со времето ќе никне гороцвет и синчец во пресни зори ќе тагува над нив: ќе израснат млади фиданки на бели брези со гранки спуштени ко долги плетенки со одблесок на сребро... лете роса од пресна зора да ги лади, зиме со златно лисје да ги тажи и на пролет јата славеи да се збираат во нив и на сето грленце песни да им квилат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако браздите длабоко и беа врежани во кожата, а белите коси, собрани во долги плетенки, истенчени, лазеа по малку подвитканите плеќи, како да беа слепени со нив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако беше сабота, го мотаа како голем кроасан или го сечеа на ленти и го плетеа во долгата плетенка на Златокосата од приказните.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако не беше онаа Калеша од нашата чета, со долга плетенка како вожица, вита и на орото како самовила...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го нема училиштето и учителката со партизанската капа и долгата плетенка, ја нема.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Е, па така: растеш и се менуваш. Нели ти реков дека имав две долги плетенки, а сега, гледај, каква ми е куса косата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Како тоа не би се препознале?“ се чудев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, Сатурн успеа да се воздржи сѐ до ноќта кога Марија не се врати дома.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)