долг (прид.) - врвица (имн.)

Една долга врвица од дваесетина дивокози се нанижа на најостриот дел од сртот, беше еден црвен срт, а дивокозите наизлегуваа чиниш прозрачни и како сонувани по него, недофатливо високи и тенконоги, целите како во некој сребрест оклоп на одблесокот, дури цевени од него, со стократно наголемени сенки, што се издолжуваа дури до другиот срт отспротија, зачекорени и мирни, и сосема, сосема спори во приближувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше толку наеднаш, тоа застанување во долгата врвица над него, што тој можеше да го види само следниот миг, кога тие стоеја, наредени една зад друга, свртени со бедрата кон него, полни со оној црвеникав одблесок, а тоа личеше како кога ќе се улови само еден од оние ретки мигови во гранките на трепетликата во летно попладне, кога сите лисја се застојани.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)