додатен (прид.) - објаснување (имн.)

Беше очигледно дека тие многу се оддалечија од првичната намера да му пресудат на зборот јаничар: да предложат конечно отстранување од употреба, со сите негови деривации, или да го задржат, со низа додатни објаснувања, кои ги донесуваа новите времиња по конечното укинување на воената формација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Каква стија?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Погледнувам кон професорот… не, не; всушност кон иследникот погледнувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само Ѓурчин патем напомена дека се чувствувал непријатно кога е принуден да го употребува потписот за да се спротнат одлуки за кои не постојат лични барања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зато и си велам стопосто уверен дека сум во право, оти вистината, во случајив, со каква и да е специфична тежина, сепак може да се сведе на обичен давеж!) И најсетне оној грд податок: уште првиот ден, при првата средба, професорот на ученикот му соопшти дека во нивната соработка ученикот нема право да бара додатни објаснувања, а не смее ни да помисли дека може да протестира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но со какво ли значење беше исполнет чудниот свет на нејзините двоумења во кој толку лесно и без никакви додатни објаснувања неочекувано се најде и таа стија на злото?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А спомнатиот ученик, тоа не треба да се заборави, бев лично јас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Добро, никој од потписниците не изрази негодување ниту пак бараше некои додатни објаснувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа всушност само ја споделуваше со нас немаштијата и опасностите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа никогаш и од никого на барала додатни објаснувања зошто кај неа доаѓа да бара помош или да преноќи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Не е пријатно кога ќе сетиш дека облеката ти станува леплива - рече, но притоа не се впушти во додатни објаснувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека сите додатни објаснувања на Соња Пазарџиева имаа за цел да ме уверат дека сум прокоцкал убава шанса, но дека животот без тие непредвидливи околности ги губел изненадувачките својства, а спомнатата Соња, ја сфаќала во прилична мерка мојата природа, знаела дека јас не сум спремен да го изберам сивилото како основна боја за моето секојдневие.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во желба да им ги приближи на слушателите основните содржини на спомнатиот Дневник, професорот Седларов без некои додатни објаснувања и коментари прочита и цели делови од записите на монахот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во врска со ова грубо интервенирање во државните работи од страна на професорот сосема произволно беше наведена и фуснотата под бр. 3, (а без додатни објаснувања).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Всушност сфатив, иако со мало задоцнување, дека никој од мене не очекува додатни објаснувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)