доволен (прид.) - време (имн.)

Како да немав никогаш доволно време да ја разберам нивната среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подготвителното рочиште треба да се определи така што на странките да им остане доволно време за подготвување, а најмалку осум дена од приемот на поканата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Отсуството на Јана и двата дена самотија ѝ дадоа на Рада доволно време уште еднаш, дел по дел, да го анализира сето она што ѝ се случи. Да се разбере самата со себеси. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Странките се должни најдоцна на подготвителното рочиште да ги изнесат сите факти и докази врз кои ги засноваат своите наводи, како и да ги достават исправите и предметите кои имаат намера да ги употребат како доказ во постапката (чл. 271, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но до оној завршен чекор, до дефинитивниот редослед на обвинетите, до одлуката за извршување на казната. или како што велат поединци до оној извршен чин и крајна цел втасав при моето последно патување од самицата до собата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На тој начин , може да се рече, дека навистина располагав со доволно време за да ги средам до последен детаљ сите мои намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)