дневен (прид.) - политика (имн.)

Целта е постигната: и покрај затворената граница со јужниот сосед, неповолната дневна политика, немаше ниту едно негативно искажување, туку со пријателски подадена рака, заеднички да се изнајдат решенија за заштита на ова бисерно езеро, пресечено со граници.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На масата се пиеше битолско пиво, вино, ракија и жестоко се полемизираше за актуелната дневна политика, за случувањата кои ја тресеа Европа, а со тоа воедно и Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)