дневен (прид.) - обврска (имн.)

Во него таа ги услужуваше гостите што доаѓаа во Центарот и сакаа малку да се опуштат под големиот костен пред бифето, но имаше и точно утврдени дневни обврски: секое утро го вареше и го сервираше млекото за појадок на жените, а за службениците на трите стражарски места и за Гоше од осматрачницата напладне подготвуваше топол оброк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Недефинираниот шум, кој суптилно, но сигурно, ми ги растројуваше нервите кои беа оневозможени да се посветат на дневните обврски, најмногу ме потсетуваше на ѕвекот од топче за пинг-понг, кое непрестајно, во точни временски интервали удираше по некој предмет и се одбиваше од него.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Чувството на вклучување во WELL* само за минута - две, или за купишта време од денот, е мошне слично на чувството на минување низ кафеанчињата, пабовите, за да се види кој сè е таму(...) Слични се и катастрофалните последици во однос на дневните обврски - губите часови и часови дневно, муабетејќи на интересни, но не многу важни теми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со тоа потврдувајќи нешто многу значајно: дека не е битно каде сме, какви дневни обврски имаме, со што сме ангажирани - поезијата може да ги најде своите патишта буквално во секоја и најмалечка клетка од животот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Јас не бев почнал со ниту една од моите дневни обврски а таа веќе се однесуваше како да си оди денот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се случуваше, доцна во ноќта, кога сите бевме заспани, Мајка, капната од дневните обврски, да чека долго, Татко, најпосле, да ја изгасне ламбата за, конечно, и таа да му се препушти на сонот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)