длабок (прид.) - и (сврз.)

Долу, во приземните простории, двајцата копачи, и Коле машинистот, ја спиеја кај мене во Маказар последната ноќ, спиеја во длабок сон, толку длабок и тежок, што не им даваше да сонуваат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се враќа мачното и, во исто време, херојско копање, борбата со длабокото и темното долу и во себе, победата и славата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Импликациите се длабоки и благовремени. Политиките се интерактивни.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тука, токму на влезот на Потковицата, неочекувано се раширува; во должина и ширини од неколку стотини метра прави еден секогаш полноводен, наместа и по неколку метра длабок и со риба богат вир.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Освен ако неавтентичноста што му е вродена на општествениот израз на чувството не се сфати како трагична, а не како комична – како сериозна наместо смешна или дефлациска – трагедијата не може да ја добие почитта што ѝ припаѓа во културна смисла.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Да се третира неавтентичноста што му е вродена на секој општествен израз на чувство како нешто помалку од трагично, да се одбива да се види во неа нешто помалку возвишено од грепкање по границите на смртноста, значи да не ѝ се дадат нејзиното целосно човечко значење и нејзината целосна човечка тежина, да се одбива да се признае како она што трагедијата тврди дека е: имено, погубен знак за длабокиот и болен расцеп што машката кавга со небесата или со таткото го отвора во самиот поредок на човечкото значење – симптомот на егзистенцијална криза што ја доведува во опасност самата општественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога чул за настанот со бикот, срипал и со возбуда раскажал дека од темните бунари на подземниот град Деринкују во Кападокија, пред една година, со нечуена рика излегол бик, онаков каков што го опишувале, поминал низ длабоките и темни ходници на градот, се упатил кон снежните врвови на високите планини и таму исчезнал.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги слушав од својот триножец пред мртвото огниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Недоизбувнатата расправија беше длабока и темна мудрост под превивки на сурово самозаборавање со што си ги криеја срцата, не толку еден од друг колку секој од себеси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Просто го сеќаваше на своите рамена тоа тупо, но толку благо лице, од чијшто поглед ниеднаш не престануваше да се точи знајната длабока, потсмешлива добрина, која немаше заедничко ни со двете големи торби под очите, ни со длабоко и несиметрично врежаните старечки долини околу устата, ниту пак со неговата тврдо скована брада, чиниш од под која веднаш се слеваше јакиот јунечки врат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ни чекорот кон длабока и непозната бездна. Ни заедничката Марија на која ѝ удри печат курва, зашто не беше и твоја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се приближија, Христина го викна Тодор, кој веднаш стана, а Томаица не можеше да се воздржи да не погледне накај Петар кој веќе гледаше во неа со неговите длабоки и топли очи насмевнувајки се нежно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Мажот и жената се држеа еден со друг како да се сопнале на работ на некој неза-мислив гребен што гледа во бездна, толку длабока и мрачна што како да немаше крај.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Јурни по него.“ Гласот му беше празен, длабок и ужасно повреден.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ендеците широки, длабоки и обраснати со бозјак и магарешки трња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А појот, ту близок, ту далечен, ту длабок и растреперен, нескладен и испрекинат, се растура во ноќната тишина тажновито и пејовито, потсетувајќи на еднаш изминатото време што наврапито го однесоа и го однесуваат времињата крвави и мрачни...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Додека се обидувам, осмиот месец од оваа година, MCMLXXX достоинствено да го започнам писмово до тебе ја откопчувам душата како елек и шаторот твој го распнувам сосема меѓу вториот и дваесеттиот век резот е доволно длабок и горешт светлината да се прекрши и одбие твојот профил да се обликува појасно макар и ништо да не не објаснува: ни империјата, ни мемоарите ни градот што го подигнав во мислата променлива - еден град повеќе во Елада, љубената ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше и Latio не, ни кованите пекунии со ликот на Антиној, обожаваниот Humanitas Felicitas Libertas ниту твојата библиотека која се обновува лека-полека по светот ниту противниците, не ни жените не ни смртта твоја и на твоите современици и коњот не, и знакот на небото и мачката со боја на пустина, мед и сонце (според описот на Јурсенар) ни патувањата, ни пророштвата не, не, не, во право си кога се сомневаш во смртта, кога му се предаваш на Допирот-Убавината-Сласта како на Смисла зашто, поместувајќи ги границите на крвта, плотта, идејата животот пренесувајќи го од една метафора на друга го одложи толку многу што остана и за нас! ________________________
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Читај, само со поголеми прекини за да можеме ние простите - припрости, неписмените, де, да ја сфатиме оваа длабока содржина на длабоки и продуховени мисли на нашите драги од селото Герман...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Скокнува и ломотејќи уште неколку збора напросто се исфрли надвор во ноќта, во длабокиот и бел снег, а по неа, набрзина поздравувајќи се, истрчува и Чана.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Гази-баба го изгледа мајстор Јосиф со длабок и топол опул на разбирање.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Имаше толку многу ѕвезди на небото, и уште исто толку се огледуваа во огромната вода, што ми се чинеше дека сме во вселената и дека патуваме со вселенски брод.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слетавме во темна, густа, длабока и миризлива, топла и леплива ноќ, индиска ноќ, крај океанот, во Гоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)