длабок (прид.) - чувство (имн.)

Таа извади две штипки од устата и запеа со длабоко чувство:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа љубов прави повторно да се родиме, да се издигнеме над болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Суптилните сензации како простувањето, сочувството, грижата се клуч на вистинската смисла и целта на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На нашата љубов и беа потребни само неколку прекрасни години, искрени и длабоки чувства, солени солзи, за да остане вечно млада, убава, расцветана.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ништо поцврсто не ги поврзува луѓето, како делењето длабоки чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас имам длабоки чувства, дип филингс", продолжи тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како и да е, таа случка на разбојот беше многу непријатна; најверојатно (оти не го имам читано дневникот на Лудвик), тој си замислил дека со тоа што го прегрнав при доскокот (го гушнав, затоа што во суштина ми беше многу жал за него, оти беше подготвен на најниски понижувања, само за да биде еден миг со мене), негувам некои длабоки чувства кон него. Но, тогаш не беше така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Примете го изразот на моите искрени длабоки чувства кон вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ако ја мени верата, во него остана длабоко чувство за родот и јазикот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Вообичаениот симбол (како славејот, на пример, кој често се поврзува со меланхолијата), дури и ако се препознава само договорно, сепак не е знак (како семафорот) затоа што тој веројатно пак буди длабоки чувства и се смета дека поседува својства што се вон она достапно само за голото око.“ (Речник на книжевни термини) 72.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)