длабок (прид.) - темане (имн.)

Гавазот излезе и веднаш се појави на вратата Суљо-ага. Со длабоко темане и тој го поздрави кадијата како гавазот пред малку. – Сабанаролсун, сабанаролсун, Суљо-ага, бујрум. Кога толку бргу се врати?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој излезе назадечки и на уште отворената врата се појави бившиот Аџи Јане, сега Јунус-бег и направи едно длабоко темане. – Добар ден, кади ефенди.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа треперејќи му се приближи на јаничарот што чуваше стража на портата и му направи едно длабоко темане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Да ги видам – веднаш изјави кадијата и прв излезе од својата одаја и отиде во дворот. Co злоба и гордост која може да ја има само средновековен победник, со рацете одзади, придружен од Јунуса, Рифата и забитот, се приближи до редицата исповрзани луѓе и жени и доби по едно длабоко темане од пазачите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)