длабок (прид.) - тага (имн.)

Татко ја забележа Мајкината длабока тага.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ти и целата твоја длабока тага во очите. Таа што ја носиш како наследство. Се пренесува од поколение на поколение.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)