длабок (прид.) - снег (имн.)

Нозете ми пропаѓаа длабоко, не се одеше, длабок снег... како студени змии да ме касаа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Посебно нагласува дека „длабокиот снег е хендикеп...а додека оние кои прават стази за поминување по петнаесет минути се изморени...партизаните страдаат многу, бидејќи 2/3 од бригадата е без чизми и многу без кондури или какви било чорапи. Многу умреа од смрзнатини“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа беспомошно ја меткаше главата, обидувајќи се да се извлече од длабокиот снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Говедата би можеле да се спуштат до водата и низ длабокиот снег, но на овците би им било тешко.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Борбата се водеше во длабокиот снег, кој и за едните и за другите беше тешко совладлива пречка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби бегајќи од волците низ длабокиот снег!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во длабокиот снег, поправо во снежниот ѕид создаден со чистењето на патеката кон изворот, лежеше беспомошно животно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Никому не ќе му наштети новиот редослед на спомените Зборувај за длабокиот снег за твоите уморени очи За сонцето што некогаш одамна зајде
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тие остануваа во испразнетите селски куќи да ја чекаат суровата зима и длабоките снегови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ширината пред селото Псодери беше претесна за да прими 1500 ранети што до тука по длабокиот снег и под постојан артилериски и минофрлачки оган, пругоре, по стрмните угорнини ги извлекоа од крвавото боиште и од тука, ноќе, камиониτε ги префрлија во болниците во Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еден мој пријател, ден-денес раскажува за тоа кога колата му заглавила во длабок снег.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сега ги гледаше како се оддалечуваат, нишајќи се во длабокиот снег и еден миг се почувствува виновен оти толку многу го очекуваше токму овој миг кога ќе им го види грбот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш срнчето скокнуваше како бесно во длабокиот снег и запливуваше по него, сѐ дури не се запреташе на некое место и не папсаше од сите тие свои бесмислени скокови, или додека не се притиснеше до некое стебло, речиси исчезнувајќи пред неговиот поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И талкаше така, еден сам човек, низ таа дива шума во снегот; се пробиваше тој низ магличавата пепелавост меѓу стеблата, длабокиот снег му го врзуваше неговото чекорење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тој веќе беше свикнат да го раздробува тој бес во своите мускули, секја утрина повторно упорно и повторно лудечки загазувајќи во длабокиот снег и цепејќи го неговото море со своите чекори во по неколку бесмислени круга околу пиланата и враќајќи се од таму секогаш полн со една безумна насмевка во своите очи, тоа беше само оној, големиот Ристан, дојден во него, секоја утрина повторно извлечен од заборавот, како првпат сретнат, збеснет и див.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаеше дека веќе се гледаат себе си како го совладуваат длабокиот снег, а знаеше дека ќе биде најдобро кога би ги држало тоа до вечер, сѐ додека не стасаат во селото. Го ценеше тоа чувство во нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше еден од оние самјаци, кои воопшто не обрнуваат внимание колку е длабок снегот, за да продолжат да ја бараат и да ја пронаоѓаат својата храна, а по дирата, што ја имаше оставено зад себе тој, сега можеа да чекорат слободно еднододруго двајца луѓе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беа два слоја од тој длабок снег, едниот беше здола и го зафаќаше високо до над колениците, а на неговата површина стоеше една дебела корка, која иако тешко, но сепак секогаш се раздробуваше под неговата тежина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше разоден по длабокиот снег и ведар, не очекуваше ништо.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Луѓето го носеа на своите рамена по сиот тој длабок снег, што тонеше под нивните чекори, или чкрташе, смрзнат, него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од длабокиот снег изгладнети изѕемнати и модри ги испуди нешто ветерот што го донесе.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во светлината на ракетите како зајаци не ловеа во длабокиот снег.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А нам, таа зима, за која ти зборувам, Господ ни подари неколку убави денови длабок снег.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ко стапалка во длабок снег ми се отпечатува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)