длабок (прид.) - ров (имн.)

Командантите вршат проверка и сѐ исто велат и повторуваат: - Кој не копа длабок ров, тој брзо ќе си најде гроб...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Попладнето од Лерин стигнаа булдожери и почнаа да копаат длабоки ровови во песокливата земја.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само тогаш кога таа е сама во длабокиот ров, може да размислива и да се радува. да биде со себе и со се што и е блиско, туку и тогаш погледнува слччајно некој да не јa прислушкува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако издржавме досега, благодарение на длабоките ровови и моќните бункери.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа веднаш слегоа во длабок ров и долго одеа низ него некаде право попреку.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На источната, југоисточната и северната страна од градот се наоѓаат длабоки ровови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Затоа копајте длабоки ровови, покривајте ги со по неколку редици трупци и камен.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Длабоко копајте, длабокиот ров утре ќе ве спаси, а не спомените и молитвите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)