длабок (прид.) - око (имн.)

Двајцата стојат задишани. - Тебе те чека - момче со огнено име и длабоки очи во кои втонала...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Огнот да го разгориме. - Да гори - да не би да ја одмине домаша наша момчето со огнено име и со длабоки очи - во кои се загледала Ѕвезда наша - и во нив пропаднала - небаре длабок вир...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На портата еден мил лик со големи, многу длабоки очи, сини, чисти, најубави очи нѐ пречекуваа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пред нејзините длабоки очи секогаш се случуваше нешто тихо, одвај забележливо, но големо, неопфатно: сонцето си го врвеше својот пат, тревите зеленеја, растеа и се сушеа, ветровите се менуваа и ги бркаа облаците еднаш на едната, еднаш на другата страна од небото...
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Ти си момче со огнено име и со длабоки очи што ја прибрале Ѕвезда моја...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тие се румени и тркалести во лицата, со модри, длабоки очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Доаѓај ми, дојди ми ко ноќта полна покој во рацете сини со мрак полна в длабоките очи полна соне во мирните коси.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)