длабок (прид.) - корен (имн.)

Бидејќи бугарштината, како што им е на сите познато, има пуштено длабоки корени во Македонија, јас сметам дека е скоро невозможно таа да се разниша ако ѝ ја спротивставиме само српската идеја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа Спространов објаснува: „Во сегашниве услови… јас лично сум убеден дека сепаратизмот што зафаќа длабоки корени во масите може да стане решавачки фактор, особено ако масите ги поведат луѓе од типот на Мисирков, Дедов, Мишајков и други…
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа остава траги во бескрајот, можеби не раѓа цвет, но има длабоки корени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вистинската љубовта ќе ја дочека својата раскошна пролет, семето на верата е во нашите срца, тие се прекрасни опојни цветови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се насетуваше дека Камилски се оддалечуваше од својата првобитна намера што побргу да расчистат со курбанотt, но стануваше јасно дека тој пуштил длабоки корени во употребата кај балканските народи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Размислуваше колку тоа имаше длабоки корени уште во најстарите европски цивилизации, само тогаш под други имиња, но со иста суштина на отуѓената душа на човекот, во сите човекови меандри на патот на опстанокот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во јавниот живот Ласте Думбаровски беше познат по псевдонимот Почесен (како угледен фармацевт, кој донираше во борбата против проституцијата во Југоисточна Европа, тој беше промовиран во рангот на член од надворешниот состав на асоцијациите во Унгарија, Молдавија, Србија, Украина, Бугарија, Црна Гора и Романија), но во потесните кругови за него функционираше прекарот Ридски, според лозата на дедо му Аврам, со длабоки корени во Дрвош, на падините на Баба Планина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да го разораме каменов и место плод неправдина да посадиме да врзе длабок корен и густи гранки да нададе
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Која родословна гранка сега ја смислуваш, на кој Лепи Лаза ликот му го дотеруваш, на кој внук на која внучка ѝ го исцртуваш гранчето и на гранчето пратчето и врз пратчето името и сѐ што ѝ прилега, како што треба да му прилега на длабокиот корен и на богатото стебло на твоето родословие?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што да кажам, како се чувствував во тој момент на откривањето на кутијата? Јас, значи, еве, имам длабоки корени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Без длабоките корења на смерноста, никогаш човек не е сигурен од опасноста на падот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Марија сфати дека непријателството на родителите на Хелвиг кон неа има многу длабоки корени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Значи, ако знаеме дека употребата на боја во Хундертвасеровата архитектура има многу длабоки корени во неговото сликарство и во неговите теоретски набqудувања, тогаш оценките за кич-архитектурата се чинат избрзани и невтемелени.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа беше едуцирана на инакво однесување, на друг јазик, на потивок говор, на друг начин на облекување, на други вредности, нејзиниот маж на симболично навестено, ненагласено носење брада, на класична музика, на Европа, на германски повлијаената кујна, на фин бекерај, не на груби лебови, симити и јадења што се носат на глава во зачадените турски фурни, на инакви вкусови, со други културни печати, на Западот, во кој Истокот се вплетуваше како идеја за далечното потекло, длабокиот корен, идентитетот положен во далечините од минатото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука, во Солун, тој беше начин на живеење.  Во текот на овие посебно тешки месеци без Цви, таа уште повеќе се чувствуваше странец во овој град на кој маж ѝ му беше духовниот предводник, а нејзе најважната врска.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Секој од нив имал свое стебло под чии длабоки корења издлабил легло врз црна, од распаднато месо мека земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По толку години, секако предолго време и за најсвет живот, кираџиите и дрварите се колнеле во очите и во децата дека ги сретнале во дождливите есенски наквечерини, тројца, костур зад костур со долга брада, нечудни очајници и голтари до кожа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А кога ветрот ќе ја разнишаше долгата коса на палмата, фикусот ги разигруваше длабоките корени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно утро забележал Раиз како фикусот се доближил а со некои гранки ја зафатил во цврста прегратка и половината на палмата. Прегратката траеше со денови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Додека волкот подзема нови сили, козичката се насладуваше уште со по некоја сочна тревка со длабок корен, небаре подзема и таа сили од длабините на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во прво време ќе засадите 1 200 тополи - канадски тополи - тие се брзорасни и не пуштаат длабок корен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Макар што Татко во тие времиња започнаа нови маки да го мачат, кога се всади сталинизмот во неговата родна земја, а и во земјата на егзилот кои ги делеше навидум отворената и братска граница, не попадна во стапицата на брзото враќање, неговиот егзил имаше длабоки корени.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Не се корне лесно солза мајкина. Таа има свои длабоки корени во душата”, велеше Мајка во најтажните мигови на животот, кога губеше рожба, дел од своето семејство на двете страни од границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)