длабок (прид.) - глас (имн.)

-Па, да запееме - со длабок глас рече самоубиецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маја Мегла ~ СУРФИРАЊЕ МЕЃУ ЖАНРОВИ „Политиката е куца курва, која никому веќе не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Финансиите се за сиромасите, не за нас“, со длабок глас, бавно како крвник и свечено како проповедник, соблечен до појас и наметнат со бела прегача, како ковач или месар, како занаетчија- мајстор накусо, грмеше на сцената на Цанкаревиот дом Петер Млакар, членот на Одделот за чиста и практична филозофија на Neue Slowenische Kunst, дружина 1983 г. создадена од музичката група Laibach, ликовната група Irwin и Gledališće sester Scipion Nasice (подоцна Kozmokinetični kabinet Noordung).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Впрочем, на старецот му се причини дека кај мртовчето, низ неговите нежни очи, сепак пробива безобразие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Одев кај нив дома да видам дали сè е в ред, кога го гледам Јехуда, дотеран и онака малку подгрбавен од работата, како со ведар чекор оди по маалото и ги поздравува минувачите забрзани со пазарлакот кон дома и стариците што метеа пред капиите, додека од една куќа допираше длабокиот глас на спикерот што соопштуваше вести за нови борби на грчко-италијанскиот фронт во Албанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ми кимнаа дискретно со глава додека траеше канторското читањето на Свитокот за Естер и во моментот кога беше изговорено: „Арур Аман”11, онака неподготвена, се потресов од бурата шумови со удирање по седиштата, викање и вртење штракала, во буката што традиционално ја произведуваа пред сè децата што во храмот седеа на посебни клупи и беа мирни во текот на читањето на останатиот дел од текстот, сè до местото во кое креваа врева до небо.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го поздрави Елеазара со својот длабок глас и без стегање му се обрати на Лука.  „Градоначалниче”, му рече, по малку задишан, свештеникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хана, значи, по еден краток разговор со сестра си, дефинитивно го напушти семејството, вљубена во црните очи на Леон, во длабокиот глас и во неговата густа коса во која ја протнуваше тенката, грацилна дланка секогаш кога тој ќе ѝ се загледаше во светлите, сини очи и во пегите со кои беше испрскано правилното лице на Хана.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер го гледаше возбудениот човек и му даде знак да продолжи.  „Само што ни дојде писмо од Атина по еден наш човек...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јаков ја прифати песната и набргу малата просторија ја исполнуваа нивните длабоки гласови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По тоа се разнесе тихиот длабок глас на стариот учител, којшто со татковска топлина му говореше на Павлета: - Велите, досадно и пусто...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Да“, рече, со длабок глас, „да, се разбира. Кога резултатите ќе бидат готови.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 159
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Резултати?“ Се сврте кон мене, со очите барајќи го мојот поглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Немој да ми кажеш дека си заборавил.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден задоволен, плавен и длабок глас изречува пофалби.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Еден од нив шепотеше со длабок глас: - Не сме за в куќа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во приказните, мирниот човек со умерени гестови, со светло сини очи и длабок глас, е оној кој секогаш излегува како најопасен на крајот, но во вистинскиот живот, а и во оваа приказна, случајот не е баш таков.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој имаше и некои други алишта и украси, како што беа кафеавите, гускини панталони пикнати во енормно големите чизми, црвените шамичиња и револверите, како и една пушка, сместена преку седлото заедно со кожниот колан со милиони куршуми на него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден од нив шепотеше со длабок глас: - Не сме за в куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Крвта не одговори, праша мекиот, длабок глас на агентот: „Кој стрелаше во тебе?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Грлен рафал. Оловна смеа. Мек длабок глас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од пазувите на актерот повремено се слупа рапаво кавкање, како да се накашлува актерот, кој инаку зборува со длабок глас.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ја бираме својата фаворитка – девојчето со црвен качкет и црвено елече, кое супериорно, со помал број замави, ги претркува останатите.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Точно е само тоа дека Ролан Јаковлевич навистина личеше на генерал. Висок, со румено лице и со длабок глас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овде нема многу работа за нас, - предложи со длабок глас еден што се чинеше дека е најстар од сите и имаше веќе ситни подзацрнети влакненца над горната усна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)