длабок (прид.) - воздишка (имн.)

Митра си ја чу пресудата. Озелене како мувлија и не можеше да најде збор да проговори, додека на Достиното лице се покажа црвенило до уши и длабока воздишка, и се симна еден голем товар од душата, но не испушти воодушевен извик.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е! Било такцир на старост да се страда — испушти една длабока воздишка Диме и почна да си ги обува опинците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Их, кога ќе помине таа недела!“ — со длабока воздишка се раздели Проќа од Толета, во кого беше силно вљубена.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Длабока воздишка се откинува од нејзините гради - воздишка на немоќ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во полумракот се откинува длабока воздишка и ја олеснува тагата и болката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но во истиот момент, предизвикувајќи длабока воздишка на олеснување кај сите, непријателската фигура се стопи во лицето на Големиот Брат, црнокос, црномустаклест, полн со сила и со загадочно спокојство, и толку голем што речиси го исполни екранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рада повторно пред да ја продолжи својата искреност, отпи уште неколку голтки од чашата, потоа следуваше длабока воздишка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А крајот на оваа исповест се чинеше дека дојде по големата пауза и длабоката воздишка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Тето, па ова е мал рај! - ѝ се оттргна длабока воздишка на Рада - Сега знам зошто те нема таму долу. Мислам во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рада го започна отворањето на картите со една долга длабока воздишка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И се оттргна длабока воздишка, како некој да тргна камен од нејзините гради. - Колку е суров животот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако јачењето и длабоките воздишки на мајката го потсетуваа на истите звуци кои луѓето ги испуштаа на погребите, особено тогаш кога од раѓањето до смртта патот на погребаниот и не бил толку долг за во тоа да се пронајде барем минимална утеха. ’Го проживеал своето’, ќе речеа за некој старец.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И длабока воздишка излезе од градите на Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Сакам муур од тебе“ рече санџак бегот, откако со нажалено кимање ја ислуша неговата длабока воздишка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А потоа пак, со длабока воздишка: „Таквите како мене и тебе, ибн Тајко, за кои секакви други разлики не постојат освен во лошотијата, таквите треба да го спасат светов од неговите бесови“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во бараките и коњушниците длабоки воздишки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
– Е, сега нека мрдаат како риби на песок – му се испушти на Аџијата од гради една длабока воздишка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овој се поразмрда, постенка пак, пушти една длабока воздишка и проговори: – Што стана ова со нас, бре ќерки? – Гајрет, кади баба, гајрет – почна да го теши Ајша, задоволна што остана жив нејзиниот добар кадија. IX дел ОД ПУСТОШЕЊЕТО на Чаништа и одведувањето на Анѓа се потресоа селаните и решија да се бранат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но Суљо не само што не седна, ами ја наведна понизно главата и со длабока воздишка, почна да се правда: – Ни едното, ни другото, кади ефенди!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)