длабок (прид.) - бунар (имн.)

Не е ни китка босилкова да те штити од комарци кога се огледуваш во длабокиот бунар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ископајте длабок бунар извадете ладна вода натопете лути рани да не горат, да не болат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
5.4 На најсувото од островот, На најтврдото, На најтемното Копам длабок бунар За да се огледам Во природната големина на самувањето, Во приближувањето кон Човекот Што бев Јас.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Копам длабок бунар.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И копам длабок бунар Што ги поврзува Утробата на земјата И утробата на небото.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Во длабокиот бунар кој се наоѓаше внатре во тунелите, Рада фрли паричка за среќа, а желбата ја задржа единствено за себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во мене сега вирее добрата намера, онаа потреба за која еднаш веќе ти пишував - да изорам нива, да посадам дрво, да ископам длабок бунар, па и црква да изградам и на неа, место еден, два крста да ставам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Било поминало - како во длабок бунар фрлено...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во мигот речено - слушнато - во длабок бунар пропаднато... Трите молчат ... тишина.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На самото Кале, речиси на врвот, пред војничката касарна, има еден длабок бунар што води до засолништата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нарушената рамнотежа на езерските води се одразуваше и во дното на длабокиот бунар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се подигам, како од длабок бунар, ослободен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И првпат го слушам, како и самиот тој да е скриен во длабокиот бунар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)