длабок (прид.) - бразда (имн.)

Бледото долгманесто лице му беше испокинато од длабоки бразди.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На местото од „шерпи и кутљачи“, сега редам фини теглички од „помадици“ против брчки и длабоки бразди и се откажувам од гордото покажување на моето вистинско лице и времето испишано на него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беа тројца селани и го цепеа високиот наврнат снег, оставајќи зад себе една длабока бразда, во која стапалките едвај се распознаваа; не многу далеку зад нив врнежот веќе почнуваше да ја зарамнува таа нивна трага, но тој ниеднаш не ја скуси нејзината змијолика издолженост низ длабоко притулената снежна шума, бидејќи за тоа време тие веќе имаа пробиено уште толку во матната белина напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Изминатите денови беа заорале длабоки бразди во неговото чувствително срце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)