длабок (прид.) - белег (имн.)

Не, тоа беше внатрешна потсмешливост, безмислена и смрзната, а од неа во него остана длабок белег.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не, тоа беше внатрешна потсмешливост, бесмислена и смрзната, а од неа во него остана длабок белег.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тешко му е, носи на колкот длабок белег од нож по една кафеанска веселба и лузнана грозоморна осаменост на душата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги склопив очите. И пред да потонам в сон, знаев дека на челото ќе ми остане длабок белег од срча на скршената ламба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)