див (прид.) - и (сврз.)

Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кога се пробиваш низ шума од каприци и пакости, кога те дебне дива и груба похота!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Никој не вика тогаш. Луѓето не викаат и не се тревожат ни кога галебите и дивите и питомите патки ја гонат и ловат плашицата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Татко му преостануваше да трага по најкарактеристичните заемки од областа на географијата, временските појави, додека Камилски покажа расположение да ги изнесе најкарактеристичните заемки од областа на градот: архитектурата и урбанизмот, јавните и приватни згради, внатрешното уредување на куќата, трговијата и занаетите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски предложи тој да трага по заемките на фауната во балканските јазици: дивите и домашни животни, птиците, рибите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бедрата му биле крвави од сабји и штикови додека го минувал обрачот на турската војска, и од него како семе на идни диви и неуништливи лозници, паѓале капки - виното, доколку ќе го напоело, можело да му ја обнови коњската крв.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според преданието, преданијата се секогаш вистина на селанската мака, на спиење ги исекле болните и ги однеле на планина за да ги закопаат под еден крст, веднаш на тоа место да пробие света извор- вода чии капки лекувале очебол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа глетка ја гледам и најаве и во сон и мислам дека никогаш нема да успеам да се ослободам од неа и од прашањето: од каде ли толку дива и фанатична, слепа и студена, жестока и јаросна омраза и толку дивјачка жед за убивање?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како дива и пеколна фурија, како нагла градобијна бура, како надојдена матна река и облак од пламен - од куќа до куќа, од уста во уста се пренесуваше страшната и лошата вест.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не сме во кожата негова и не чувствуваме темница и мувла собрана во четири ѕида; не чувствуваме ни удари, диви и разбеснети, како ни гмечење до бесвест, за да се признае сѐ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ми се гади од диви и питоми животни.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Оваа е дива и брлива. - Ај, на здравје, у здравље, здрами се!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)