детски (прид.) - цртеж (имн.)

И на детските цртежи како да им дотегнало веќе да ги пречекуваат љубопитните посетители, како да им се спие.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Споулавен цртеж Сѐ се канам, сѐ се канам, кон твоето око свртен, да ти кажам што сѐ стана на некаков детски цртеж...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Чудни чуда! Сиот свет е страшно свртен - в небо нозе, в трева глава - на некаков детски цртеж...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Лицето на Видуша ѝ беше тркалесто како месечина, прошарано со писки, црни веѓи што ѝ се спојуваа; блага насмевка што ѝ ги откриваше бисерните заби и што ѝ даваше мил изглед: како детски цртеж на насмевната месечина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Еј! Види, детски цртеж! – коментираш. Да.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Како и пред тоа и сега, кога се гледа пред нејзината врата, ноќта е сина и во неа се е несигурно и нестврно како и во детски цртежи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веѓите ѝ се извиткаа, беа крилја на птици од детски цртежи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И куќата на Профим е, чиниш, птица што се токми некаде да одлета; на оградата од дворот што се витка како невешт детски цртеж, обесено едно старо дрвено тркало на еден кол, кое, се чини, секој миг ќе слизне од колот, ќе се откачи и ќе се стркала надолу по брегот и ќе се распарчи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Познати се неговите композиции со теми на војници нацртани 1909. и 1910. година (се совпаѓаат со неговите искуства во воената служба), каде е јасно видливо влијанието на детската уметност. Soldier on a Horse (1910-11), веројатно работена постапно во повеќе фази, ги поседува идентичните кроки, плоснатост и млитавост во формите и крајно симплифициран план на позадината како кај некои детски цртежи кои Ларионов ги поседувал.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во својата ретроспектива од 1954. година, Looking at Live with the Eyes of a child, Матис напишал дека уметникот „мора да го посматра животот на начинот на кој тоа го прават децата и ако ја загуби таа моќ нема да биде способен за автентична експресија”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога Пол Кле се врати од своето уметничко „усо­вр­шување” во Рим, 1902. година, барајќи рамки во оставата на родителскиот дом, тој налета на некои свои детски цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Строгиот профил кој тој го користел, како и кутиовидната муцка и необичниот стапчест изглед на задните нозе од коњот, е секојдневен начин на графичко изразување кај децата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уметниците беа нагло вовлечени во процесот на организирање на овие изложби, истовремено проучувајќи ги различните аспекти на детскиот цртеж и користејќи ги како стимул за сопствената работа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Истата година го препиша својот дневник додадавајќи 36 вињети распоредени по возрасти, од 2 до 12 години, и издаде каталог на своите детски цртежи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Случката го поттикна да ги опише тие цртежи како „нешто највпечатливо што досега сум направил“, а истовремено актуализираше некои фундаментални прашања за него како уметник.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пјер Бонар (Pierre Bonard) и Морис Денис (Maurice Denis), на пример, ја издвоија неспретноста при детското цртање, да ја користат во функција на послободна експресија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во овие два смели потфата, дневникот и каталогот, тој ретроспективно го следи својот уметнички развој, досегнувајќи до самите корени на сопствената креативност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постојат очи­гледни релации меѓу приватните колекции на детски цртежи (своина на уметникот) и карактеристиките на неговата стилска определба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој ставаше акцент на еволуирањето на визуелниот јазик, конципирајќи дека тој е примарен медиум, независен од подоцнежните културни и личносно-индивидуални влијанија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во почетокот на 1944. година, Дибифе направи збирка од извонредно сликовити и упадливо динамични детски цртежи, впечатливо слични со делата од раните и средни 40-ти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Истовремено, Кандински правеше попатни промени на самите детски цртежи давајќи им уште поизразена детски наивна појавност, за потоа да ги анализира генералните карактеристики на детската творба кои го изнудуваат оној впечаток на „нешто недолжно, безопасно, искрено”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Анри Матис ја сумираше дилемата на многу модерни уметници поврзана со детската уметност на тој начин што истовремено беше привлечен, но и неволен да го признае долгот кон неа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во прегледот на детската уметност од 1914. година, Гијом Аполинер (Guillaume Apolinaire) пишу­ваше за интересот на Матис за сопствените детски цртежи и истовремениот отпор да им придаде поголемо значење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Навистина, детската уметност одигра критична улога во раѓањето на неговиот зрел стил во 1944.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)