детски (прид.) - рака (имн.)

Ти , ќе ми помогнеше да се задржам, цврсто те зграпчував со моите детски раце, ќе се затетеравев и повторно паѓав.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Посебна драж внесла детската рака во оваа сцена со тоа што мачката ја нацртала двојно поголема од Шара, Па чисто логички земено, ништо не би и пречело да рипне на него и да го поклопи целиот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаше и една прекрасна снимка на една детска рака како лета високо високо во воздухот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не само на Поклади, туку секогаш кога некое од децата ќе се разболеше, го вадеше баба цврсто ткаеното ќесе и од него ќе ги извадеше разнобојните камчиња, исушеното корен-дрвце слично на детска рака, иконката и неколкуте школки.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не е ни најмалку случајно, затоа, што главните артефакти на своето паметење („разнобојните каменчиња, исушеното корен-дрвце слично на детска рака, иконата и неколкуте школки“) и потрагата по своите предци односно по сопствениот идентитет (во Захариј) го бара во Атонската Гора, или што исто таквата, но уште повпечатлива, поттрага, од Рибоокиот, исто ќе ја врзе на други свети места, за Св. Наум, за „една пештерска црква во Киево“, за забитиот манастир во Романија, „негде меѓу Куртеа де Арџеш и Крајова“, за Света Софија или за „една стара црква, во реонот наречен `Фенер`“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Ќе ти покажам...“ и татко му секогаш му велеше кога го прашуваше како да ја состави козината или како да ја намачка со восок, па ставајќи ги своите корави преку неговите помали, детски раце, му ги водеше преку движењата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кротката детска рака беше како топла мајчинска милувка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури сега се сеќавам дека тогаш можев да го обгрнам со својата детска рака – воздивна, давајќи си пауза и јас знаев дека сега ќе дојде поентата – Моите раце одамна веќе не можат да ја обгрнат неговата блискост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Будење на зглавјето на сонот и на чистата постела на проѕирното небо помеѓу приказните на ѕвездите (и сѐ ова дури и начкртано со палави движења на детска рака)...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А во гората под стрмниот рид малечките планински нивчиња, во кои се жнееше, беа неправилно начичкани еднододруго како кутивчиња редени од невешта детска рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Балканската историја беше во нашите детски раце.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)