детски (прид.) - око (имн.)

Избезумен поглед во неговите детски очи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа се чини неверојатно но јас и денес можам со часови да го следам оддалечувањето на братот на татко ми во придружба со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Животот му течеше само кога детски очи гледаа во сликата на четиринаесеттата страница, но тој не се жалеше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Особено во моите детски очи на селанче.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Гзиме не коментираше. Ја видов истата тага на детските очи, познатиот немир.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За моите детски очи тоа заминување на мојот стрико рака под рака со смртта колку и да беше завиткано во тајновитост, во тажна и жална тајновитост, претставуваше и еден вид помирување на животот со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нашите застрашени детски очи беа управени кон човекот со долго црно кожено палто и со долги мустаќи, кои му даваа строг израз, дури и кога на лицето ќе се појавеше здржана насмевка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)