детски (прид.) - врева (имн.)

Козите сигурно го освојуваа градот. Набргу се врати детската врева, децата сега поцврсто газеа, нивните игри беа подолги, успехот во училиштето беше подобар.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сè исто како вчера и утре. Детска врева, ѕвоно, молитва и страв да не те повикаат да излезеш пред црната табла.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И други години имало снег, но ништо од училиштето не можеше да ја оттргне детската врева.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И на шумовите - циганските огништа беа топли од детска врева и од брзи весели песни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)