десетти (прид.) - година (имн.)

Останал синот да расте на рацете од таткото додека на десеттата година не се вратил братот на умрената жена од заточение.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да си роден во едно планинско село на Македонија и до твојата десетта година само да слушаш дека постојат и други села освен твоето и други луѓе освен оние што ги познаваш!
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во хибридниот јазик на бате Иле, како и кај дедо Санде (кој, пак, затоа, францускиот го зборуваше граматички без грешки¹) се провираше блага нота на кумановскиот (иако во Скопје живееше од својата десетта година - сите деца во приказните на бате Иле имаа десет години!), но кога ја кажуваше прокопиевската историја, во директниот говор на „актерите“ задолжително го употребуваше кумановскиот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)