денешен (прид.) - перспектива (имн.)

Од денешна перспектива најпаметни испаднаа фановите на Баја Патак.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Но Арафат, сепак, беше претседател на новата држава Палестина? - нагласив предизвикувачки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ако се погледне од денешна перспектива, беше јасно дека Арафат влегуваше во една од живите претстави на театарот на апсурдот на темата на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Запрашан околу тоа дали тој повторно би тужел, доколку во иднина му биде повредено некое право – Х.Џ. со право изјавува дека, од денешна перспектива, многу важен услов за покренување тужба е тоа колку ќе биде самиот тој, економски и психички силен тоа да го стори – затоа што одењето на суд е голем луксуз и голем стрес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По изрекувањето и доставата на пресудата, не е покрената жалбена постапка од тужената [незадоволна] странка, но „Охис Пласт М“ одбиваше доброволно да ја спроведе веќе правосилната и извршна мериторна одлука во пракса – па пресудата мораше да биде спроведена присилно, преку извршител (Б.Кипровски), за што работодавачот плати и дополнителни трошоци, како и не така мала извршителска награда согласно Извршителската тарифа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Анализирајќи го сето тоа од денешна перспектива, од една временска дистанца која не е толку мала, ние можеме со сигурност да тврдиме дека репортерските записи на Никола Кирков влегуваат како интегрална составка на драматичните општествени, социолошки и културни процеси на времето што е мотив на овие новиварски анализи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)