денешен (прид.) - време (имн.)

Но кому му е грижа за оригинални антиквитети во денешно време - дури и за малкуте што сѐ уште ги има?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во денешно време немаше пријатели, имаше само другари; но постоеја некои другари чие друштво беше попријатно отколку друштвото на други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Невозможно е во денешно време да се утврди староста на ништо.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е резултат на првокласната обука што во денешно време им се дава во Шпионите - подобра дури и од моето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко, погодувајќи ја мислата и на Камилски, предложи со оглед на огромниот број османскотурски заемки во повеќе области, да ги изберат најкарактеристичните, односно најблиските со фреквенција дури во денешното време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, трагајќи по најуверливи докази во отворените и прелистувани книги за јазиците, беше свесен дека уште од антички до денешни времиња не престануваше утопијата во европската култура да се открие заеднички јазик за сето човештво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа имала сосема друг карактер, таа служи до денешни времиња и никогаш не се побунила против својот владател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Претстоеше нова дебата која беше решавачка за натамошната работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако прашокот веќе го испразнив врз алуминиумската фолија и откако се ослободив од неговите нечистотии, можам да почнам да “го ловам змејот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ставаат секакви срања во хероинот во денешно време - како најчест загадувач го користат манитолот бидејќи ги има сличните особини на хероинот; манитолот е лаксатив.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сето тоа, се разбира, е само аналогија, бидејќи во денешно време не може да се репродуцира „Критиката на расудувачката моќ”; не се работи за нешто толку слично.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По борбите меѓу гладијаторите, другиот ден, следел масакрот на сто лавови, сто лавици, двесте леопарди и триста мечки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова се случувало на празничните денови на Римската империја, но во денешни времиња човештвото осудува на мачеништво и свирепа смрт милијарди животни, размислувал утешно стариот Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да се урне или не Картагина! , беше за мене дилемата, парадигмата, која не престануваше да се наложува со својата актуелност, од античките па сѐ до денешните времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А јас ја продолжив мојата мисија на отворање на нови врати, рефрен наследен уште од моето детство, што се пренесуваше и во моите книги... А kapi...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
2. Сметаме дека особено во денешново време било кои форми на ескапизам - па и оние што се повикуваат на тнр. „аполитичност” - се несоодветни и често контрапродуктивни;
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не изостана и денешното време за кое поп Стерјо неколкупати го искажа сомневањето за опстојувањето на Република Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)