денешен (прид.) - аспект (имн.)

3 Од денешен аспект, кога компанијата е во лоша финансиска кондиција, акциите имаат незначителна вредност – но постои кривична одговорност која непосредниот извршител како и неговиот наредбодавец мора да ја сносат и соодветно да обесштетат околу 200 работници- акционери.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Накусо, Лепа Брена, гледано од денешен аспект, е успешна верзија на Благица Павловска.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во овој случај симптоматично е и тоа што дополнително се појавува проневера со сопственички акции – но, за која сѐ уште нема конечна судска разрешница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Точните износи кои треба тужениот да ги плати беа утврдени по спроведеното вештачење од страна на вешто лице – економист (В. Богатиноска). * 258
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како аполитичен студент од педесеттите години не бев свесен за ова - но од денешен аспект гледам дека сум се обидувал да излезам од дилемата што повеќето од нас писателите од тоа време ја имавме.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)